Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Монако ремизираа 1:1 (0:1) во последниот натпревар од 4.коло на француската Лига 1.

ПСЖ сега го дели првото место на табелата со Олимпик од Марсеј и Ленс со 10 освоени бодови, додека Монако стигна до 5 бодови и е само на 12. позиција.

Монако водеше од 20. минута кога Кевин Фоланд погоди за 1:0.

Тој резултат остана валиден до крајот на првото полувреме, иако Килијан Мбапе и Лионел Меси во финишот ја погодија стативата.

Нападите на „светците“ продолжија и во продолжението, но израмнувањето го добија од пенал.

Во 70. минута Нејмар беше сигурен од белата точка и го израмни резултатот.

Неколку минути подоцна Ашраф Хакими ја погоди третата статива на овој натпревар, а до крајот немаше повеќе голови.

https://www.youtube.com/watch?v=9LskOWT-gYI

Лига 1, 4. коло

петок:
Ајачио – Лил 1:3 (0:2)
Бајала 84 – Јазичи 17, Бамба 43, Џало 67

Сабота:
Оксер – Стразбур 1:0 (1:0)
Перин 29
Ленс – Рен 2:1 (0:0)
Фофана 66, Опенда 70 – Лаборде 90+1

недела:
Нант – Тулуз 3:1 (0:1)
Гесан 50, Мохамед 55, Симон 61 – Абуклал 15
Брест – Монпеље 0:7 (0:5)
Муаса 6, Вахи 10, 31, Казри 11, Коча 25, Жермен 64, 84
Лориен – Клермон 2:1 (2:0)
Мофи 21пенкало, 44 – Шам 62
Ница – Марсеј 0:3 (0:2)
Санчез 10.42, Таварес 37
Троа – Анжер 3:1 (1:0)
Рипар 12, Балде 61, Одебер 82 – Диони 67
Ремс – Лион 1:1 (1:0)
Ито 24 – Дембеле 86
ПСЖ – Монако 1:1 (0:1)
Нејмар 70 п – Фоланд 20

Standings provided by SofaScore LiveScore