Фудбалерите на Реал Мадрид триумфално се враќаат од Барселона, каде го совладаа Еспањол со резултат 2:1 (1:1) во 4. коло од шпанската Ла Лига.

Многу интересен меч на стадионот „РЦДЕ“ беше решен во неизвесна завршница, поточно во 88. минута, кога Карим Бенземапогоди за триумф на „кралевите“.

Претходно Реал поведе доста рано, во 12. минута кога погоди Винисиус Жуниор.

Еспањол не се предаде, далеку од тоа, и израмни до полувремето.

Хоселу ја погоди мрежата на Тибо Куртоа, а тоа им даде крила на домаќините да го продолжат натпреварот.

Во вториот дел сино-белите имаа неколку добри шанси да направат пресврт, пред се Хоселу во одредени ситуации можеше да реагира подобро, но немаше гол.

Се до 88. минута кога триумфираше Реал кој делуваше безнадежно и можеше да се задоволи со бод.

Родриго фантастично го проигра Бензема, а тој по којзнае кој пат стана херој на Реал и ги однесе бодовите во Мадрид.

На крајот голманот на Еспањол Бенџамин Лекомте доби црвен картон по ВАР-асистенција, па стоперот Кабрера мораше да застане на голот.

А во 10. минута од судиското надополнување, Бензема на ефикасен начин изведе слободен удар, погодувајќи го блискиот агол на Кабрера и со тоа го постави конечниот резултат 1:3.

https://www.youtube.com/watch?v=pK5paml62G8

Ла Лига, 3. коло:

недела:
Хетафе – Виљареал 0:0
Барселона – Ваљадолид 4:0 (2:0)
Левандовски 24, 64, Педри 43, Роберто 90+2
Еспањол – Реал Мадрид 1:2 (1:1)
Хоселу 43 – Винисиус 12, Бензема 88

Сабота:
Елче – Сосиедад 0:1 (0:1)
Мендес 20
Рајо Ваљекано – Мајорка 0:2 (0:1)
Муриќи 13, Канг-Ин 64
Алмерија – Севиља 2:1 (1:1)
Рамазани 42, Садик 55 – Торес 30

Понеделник:
20:00 Кадиз – Билбао
22:00 Валенсија – Атлетико

петок:
Жирона – Селта 0:1 (0:0)
Аспас 49
Бетис – Осасуна 1:0 (1:0)
Иглесијас 34

Standings provided by SofaScore LiveScore