Фудбалерите на Партизан и трет натпревар по ред не успеваат да триумфирааат во Суперлигата на Србија, во самиот финиш извлекоа само реми на гостувањето кај Младост (1-1) во рамките на 26. коло. Домаќинот поведе во финишот на првиот дел и долго водеше, ама со иницијативата, „црно-белите“ успеаја да се извлечат, барем да не загубат.
Долго време мрежите мируваа, пред домашната екипа да поведе во завршницата на полувремето. Добра транзиција со гол ја круниса Младост, откако по нафрлување од десната страна со глава стрелаше Петар Бојиќ во 44. минута (1-0).
Тренерот Дуљај веднаш направи измени по одморот, а веќе до 75. минута ги искористи сите пет замени. Опсадата пред голот на домашните резултира со израмнувачки гол на пет минути пред истекот на регуларното време. Стрелец за Партизан беше Немања Николиќ кој погоди по асистенција на Захид (1-1).
Младост успеа да го задржи ремито и освои бод против големиот ривал. Со ова реми Партизан дополнително заостана зад Црвена Звезда, сега има бод помалку со меч помалку на контото.