Екипата на Борусија Дортмунд со пресврт славеше против големиот ривал Ајнтрахт Франкфурт (3-1) во 26. коло од германската Бундеслига.
Милионерите дојдоа во водство преку Геце во 13. минута од натпреварот, а Адејеми до крајот на првото полувреме израмни на 1-1.
Искусните Хумелс и Емре Чан беа стрелци на головите за пресврт и победа на гигантот од Дортмунд во завршницата од средбата.
Дортмунд се наоѓа на четвртата позиција со 50 бодови, односно еден повеќе од Лајпциг, додека Франкфурт е на шестата позиција со 40 бода.