Тотенхем и официјално го претстави најновото засилување, играчот за врска Ив Бисума од Брајтон. Лондончани ќе платат околу 25 милиони фунти за 25-годишниот фудбалер.
Тој потпиша четиригодишен договор со Тотенхем. Бисума е третото летно засилување за тимот на Антонио Конте по доаѓањето на голманот Фрејзер Форстер и крилото Иван Перишиќ.
Репрезентативецот на Мали имаше договор со Брајтон до 2023 година, а интерес за него имаше и од Астон Вила. Сепак, тој го избра Тотенхем кој може да му понуди учество во Лигата на шампионите.