Српскиот напаѓач Лука Јовиќ наредната сезона ќе игра за Фиорентина. Според медиумите во Италија, напаѓачот на Реал Мадрид се договорил на позајмица да прејде во редовите на италијанскиот калчолигаш.

Јовиќ следната година ќе ја помине во Тоскана, а Фиорентина ќе плаќа само половина од неговата плата, поточно три милиони евра, додека другата половина ќе биде обврска на Реал Мадрид.

Фиорентина е без обврска да го откупи договорот на Јовиќ по завршувањето на следната сезона, но лесно може да се случи позајмицата да биде продолжена на уште една година.

Тој изминатава сезона постигна само еден гол за Реал Мадрид.