Легендарниот аргентински тренер, Марсело Биелса, поради својот стил и филозофија на игра го доби прекарот „лудак“, титула што ја оправда деновиве бидејќи сака да направи потег каков што досега не е виден во фудбалот.
Поранешниот тренер на нашиот Џани Алиоски во Лидс сака во репрезентацијата на Уругвај, на чија клупа седи, да покани фудбалер-аматер. Станува збор за напаѓачот Валтер Домингез, кој има 24 години и игра за Хувентуд де Сориано, кој се натпреварува на аматерско ниво. Тој сезонавапостигна 38 гола на 19 натпревари, додека на последните 39 меча дури 57 пати ја затресе противничката мрежа.
Селекторот Биелса со ова сака да направи изненадување, но истовремено е и приморан на вакви потези пред пријателскиот натпревар со Костарика (31 мај), бидејќи нема да може да смета на играчи од екипите на Насионал, Пењарол, Ливерпул, Расинг и Данубија поради настапите во Либертадорес и Куповите на Јужна Америка.