Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Итан Хап имаше одличен меч против Барселона во АЦБ лигата.
Центарот на Гран Канарија блескаше во „Палау Блауграна“ во драмата во која по дополнителните пет минути фаворитот се избори за триумф од 95:89.
Гостите ги имаа каталонците во раце, водеа и со 20 разлика во третиот период, но кошаркарите на Гримау полека, се враќаа и особено на високо ниво го одиграа завршниот период кој го добија со 30-15 што беше доволно натпреварот да се однесе во продолжение.
Таму Барса беше сигурна и со 15-9 ја оствари 22. сезонска победа која сигурно ќе им помогне пред престојната мајсторка со Олимпијакос за пласман на завршниот турнир во Евролигата.
Лапровитола со 29 поени беше лидер кај победникот, додека кај Гран Канарија број еден беше Хап со 24 поени, 7 скока и 1 асистенција.