Летонија направи уште едно големо изненадување на СП во кошарка 2023, откако по Франција денес ја совлада и Шпанија (74-69) и направи огромен чекор кон пласман во четвртфиналната фаза.

Летонците одиграа одличен натпревар, водеа во најголем дел од првото полувреме, по што „црвената фурија“ блесна во третиот период и со серија 19-2 дојде до двоцифрена предност (54-42). Во тие моменти сите беа уверени дека актуелниот светски шампион нема да има проблем да дојде до нов триумф, но така не мислеше нивниот противник. Кошаркарите од Балтикот вратија со серија 23-7 и повторно дојдоа до водство, кое го задржаа до крајот. Давид Бертанс со 16 поени беше најдобар во победничката репрезентација, додека Вили Ернангомеш со 14 поени беше најпрецизен кај Шпанците.

Летонија и Шпанија сега имаат скор 3-1, додека Канада има 3-0 и меч против Бразил (2-1) подоцна денеска. Во случај на триумф на фаворизираните Канаѓани, тогаш Шпанците ќе мора да ги победат во последното коло ако сакаат да го продолжат настапот на Мундобаскетот.