Поранешниот финалист на Вимблдон, Матео Беретини му пружи силен отпор на тенисерот број еден на АТП листата Јаник Синер, но немаше доволно сила да го елиминира и да се пласира во третото коло. Беретини одигра фантастично, но недоволно за првиот тенисер во светот, кој победи дури после освоени три тај-брејка (3-1).
Резултатот по сетови гласеше 7-6/3, 7-6/4, 2-6, 7-6/4. Синер беше подобар во првите два сета, но ги доби дури во тај-брејк. Во третиот, слична приказна, но сега Беретини заслужено израмни, откако Синер пречесто грешеше. Четвртиот сет започна подобро за Беретини, но Синер веднаш го врати брејкот, а потоа при 6-5 за Синер, Беретини се соочи со меч-топка на противникот. Сепак, сервираше фантастично кога беше најпотребно и се избори за тринаесеттиот гем. Во тај-брејкот од четвртиот сет, Беретини пропушти сервис при 3-2 за Синер, па најдобриот тенисер рутински го заврши сетот.
Синер во третото коло ќе се судри со Миомир Кецмановиќ од Србија.