Двократниот победник на Вимблдон е амбасадор на УНИЦЕФ и соработува со хуманитарна организација која дава медицинска поддршка и работи за лична хигиена на украинските деца.
„Повеќе од 7,5 милиони деца се загрозени од војната во Украина. Затоа ќе ја донирам сета заработка од турнирите на кои ќе играм годинава, бидејќи тие пари ним им се далеку попотребни“, напиша Мареј на Твитер.
Досега во 2022 година, Британецот од наградните фондови на турнирите има заработено речиси 260.000 долари.