Првото полуфинале во машки двојки на „Вимблдон“ го донесе можеби најголемиот пресврт во историјата на ова натпреварување на терените во Лондон, со среќен крај за Австралијанците Метју Ебден и Макс Пурсел во пресметката со првите носители Раџив Рам и Џо Салисбери.

Фаворитите сигурно грабеа кон финалето, откако ги добија првите два сета (6-3, 7-6), а потоа имаа и пет-меч топки во тај-брејкот од третиот сет. Но, двојката од Австралија чудесно ги спаси сите и на крајот го доби овој дел од мечот со 11-9 со што го најави пресвртот. Потоа, лесно го добија и следните два сета (6-4, 6-2) за огромна радост на крајот.

 

По овој сензационален меч, Ебден и Пирсел за трофејот ќе се борат со подобриот од второто денешно полуфинале помеѓу Хуан-Себастијан Кабал и Роберт Фарах односно Никола Мектиќ и Мате Павиќ.