Добра вест за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доаѓа од Велика Британија
Имено, тамошната влада усвои нов сет на правила поврзани со патувањето во време на корона вирусот.
Како што претходно беше најавено, сега се драстично либерализирани многу строгите правила за влез во земјата.
Од 11 февруари па натаму, невакцинираните ќе можат да влезат во Британија, што практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да дојде во Лондон да игра на Вимблдон, кој е на програмата од 27 јуни. Ова во британскиот парламент го соопшти Грант Шарпс, државен секретар за транспорт.
„Ќе ги прекинеме сите тестирања за коронавирус на целосно вакцинирани лица кои пристигнуваат во Англија од 11 февруари наваму. Оние кои ќе пристигнат во Англија, но не се целосно вакцинирани, ќе треба да направат тест пред поаѓање и PCR тест два дена по пристигнувањето во Англија.“, се вели во соопштението на Шарпс.
Доколку се појави на Вимблдон, Новак ќе ја брка седмата титула на тој турнир.
Првпат трофејот го освои во 2011 година, а последен пат во 2021 година.