Ракометарите на Шпанија останаа во игра за третата последователна титула на Европското првенство и ќе играат во полуфиналето на ЕП откако во Братислава ја совладаа Полска со 28:27 (14:13) и обезбедија едно од првите две места на нивната група.
Шпанците имаа предност во текот на целиот натпревар, а во последните три минути влегоа со три гола предност(28:25). Но, на крајот Полјаците имаа два удари од шест метри за израмнување, но шпанскиот голман Родриго Коралес на чудесен начин ги одбрани ударите на Морит и Чувар и на тој начин ја одведе Шпанија во шестото последователно полуфинале на ЕП.
Стрелците на победничката екипа ги предводеа Агустин Касадо и Феран Соле со по четири гола, а Коралес имаше осум одбрани. Морито со шест гола беше најдобар стрелец кај Полска, која остана на последното место со еден бод.
Шпанија го чека исходот од мечот меѓу Норвешка и Шведска (20:30 часот) за да дознае од кое место ќе оди во полуфиналето. Во случај на победа на Норвежаните, Шпанија ќе биде втора, а доколку има нерешено во случај на победа на Швеѓаните, тие ќе бидат во полуфиналето како победник од групата 2.