Ракометарките на Данска освоија бронзен медал на Светското првенство во Шпанија.
Данска ја совлада Шпанија во мечот за третото место 35:28 (16:13).
Данките ја растажија домашната публика со оглед на тоа што домаќинот остана со празни раце.
Тие беа доминантни во текот на целиот натпревар, бидејќи на полувремето имаа предност од три гола.
На стартот на вториот дел се замина на +6 со серија од 3:0 и не ја загубија таа голема предност до самиот крај на натпреварот.
Најефикасни кај победникот беа Бургард со 7 и Хансен и Јоргенсен со по 6 гола.
Во поразениот тим се истакнаа Мартин со 6 и Кампос со 5 голови.
Финалето меѓу Франција и Норвешка е закажано за 17 часот и 30 минути.