Македонија победи и по трет пат во овие подготовки, совладан е Израел со 31:28.

Првото полувреме го доби Израел со 15:14 по првото полувреме, a од 40.тата минута Македонија направи пресврт.

Најефикасни беа Ненад Костески со пет гола, Филип Талески и Цветан Кузманоски со по четири. Томовски запиша четири одбрани, но одличен беше и Никола Митревски пред него, со осум одбрани за 40-тина минути.

Утре имаме шанса за подобро издание со истиот противник, повторно во „Борис Трајковски“.