Фудбалскиот клуб Монако го назначи Филип Клемен за нов стратег, тоа беше официјализирано вечерва.
По отказот на хрватскиот стручњак Нико Ковач, Монако за неколку дена најде решение на тренерската позиција и тоа во човекот кој доминираше во Белгија во претходните години. Станува збор за Филип Клемен, поранешниот тренер на Гент и Бриж, со кој освои три последователни титули во Јупилер лигата.
Таму го освои шампионатот 2018/19 со Гент, а во следните две кампањи го повтори истиот успех со Бриж.
Го краси офанзивен стил на игра и развој на млади играчи, што го препорача во Монако, а многу добро ги зборува јазиците бидејќи знае фламански, англиски и француски. Тој има 47 години и потпиша договор на три сезони со екипа од кнежевството.