Лионел Меси е во самоизолација откако е потврдено дека е заразен со коронавирус, а аргентинскиот диџеј Фер Паласио е под обвинувања, навреди и закани од луѓе кои тврдат дека тој му го пренел вирусот на фудбалерот на ПСЖ.
Меси беше виден на неколку забави за време на неговиот одмор во Аргентина, вклучувајќи ја и новогодишната забава на која Паласио пушташе музика. Самиот диџеј се пофали со фотографијата со Меси, а сега поради неа е на удар на фановите на Меси.
“Станав тренд на Твитер бидејќи Меси е позитивен. Ме поврзуваат со тоа и тврдат дека сум го заразил, дури ме нарекоа и убиец. Добив многу грди пораки. А вчера тестирав бидејќи патувам за Уругвај и резултатите од тестот се негативни“, рече тој.