Брентфорд забележа голема победа во 29. коло од Премиер лигата на домашен терен против Барнли со 2:0, со голем придонес на данскиот мајстор.
Вистина е дека двата гола за Брентфорд ги постигна Иван Тони, но немаше да биде така без магијата на Кристијан Ериксен.
Барнли даваше отпор до 86. минута. Тогаш работите во свои раце ги презеде Ериксен, кој играше од самиот почеток. Тој центрираше прецизно со милиметар, асистираше до Иван Тони и најдобриот стрелец на Брентфорд го доведе домаќинот во водство.
https://twitter.com/birdiefootball/status/1502698471303925761?s=20&t=-NTHmw6xAq1b_qWwi-XhXgСега Брентфорд е на сигурни девет бода од опасната зона, каде се уште се наоѓа Барнли.