Јувентус со 3-1 славеше на гостувањето кај Сампдорија во рамки на 29.коло во Серија А.
Маја Јошида си постигна автогол за да им донесе водство на гостите од 0-1 во 23.минута. Потоа Алваро Мората од пенал зголеми на 0-2 во 34.минута. Во второто полувреме Антонио Кандрева не реализираше пенал во 74.минута, но десет минути подоцна Абделхамид Сабири погоди за 1-2. Мората со својот втор гол на две минути до крајот ги постави конечните 1-3.
Јувентус не знае за пораз во Серија А веќе 15 натпревари и моментално има 56 бодови на 4.место на табелата. Сампдорија е 16-та со 26 бодови.