Фудбалерите на Манчестер Јунајтед водат против Тотенхем со 2:1 во натпревар од 29. коло на Премиер лигата на „Олд Трафорд“.
Само 15. минути им беа потребни на „црвените ѓаволи“ да ги израдуваат домашните фанови. Роналдо доби топка од Фред, а потоа упати „бомба“ од голема далечина и го матира Лорис за 1-0. Тој биеше неодбранливо и предизвика одушевување и делириум на трибините.
Португалецот е мета на критики на фановите и експертите, но како и често во својата кариера со вакви потези знае да одговори на критичарите.