Буркина Фасо ги победи Зеленортските Острови со 1-0 во второто коло од групата А на Африканскиот куп на нации.

Единствениот гол на натпреварот, вреден три бода и прва победа, го постигна Хасан Банде во 39. минута.

Буркина Фасо сега има три бода, исто како и Зеленортските Острови.

Прв на табелата е Камерун со шест бодови, додека селекцијата на Етиопија е без бодови.

Во последното коло ќе се сретнат Камерун и Зеленортските Острови, односно Буркина Фасо и Етиопија.

https://www.youtube.com/watch?v=dE30WfN_dyc