Њукасл тргна во поход по нови засилувања. Откако ги доведе Киран Трипие и Крис Вуд, раководството на Њукасл влезе во завршни преговори за ангажман на Бруно Гимараеш, 24-годишниот играч од средниот ред на Лион. За него „чавките“ понудија 40 милиони евра.
Лион ја прифатил понудата и трансферот треба да се реализира во наредните денови.
Премиерлигашот Њукасл на фудбалерот му нуди 220.000 евра неделна плата, што е четири пати повеќе од сегашната во Лион. Бразилецот во наредните денови ќе стане второто најскапо засилување на Њукасл во клупската историја