Ливерпул на средината на минатиот месец одигра одличен меч во Милано и си обезбеди солидна предност пред реваншот, па вечерва „нераѕурите“ ќе мора да ризикуваат на „Енфилд“ ако сакаат да изборат пласман во четвртфинале.
Четата на тренерот Јирген Клоп се наоѓа во фантастична форма, а по победата во Милано од 2-0 славеше и на уште пет меча по ред и го освои Лига Купот. Последниот кикс на „црвените“ е во првата половина на јануари, кога без голови ремизираше против Арсенал.
Интер, од друга страна, по дуелот со премиерлигашот влезе во голема криза и доживеа пораз од Сасуоло и ремизираше против ужасната Џенова, но сепак делува како да се врати во живот по „петардата“ против Салернитана минатиот викенд.