Македонскиот голман, Мартин Богатинов направи прекршок за пенал кој го реализираа домаќините за водство од 1-0 во 24. минута.
Но херој на мечот беше другиот Македонец. Само осум минути подоцна Стефан Спировски постигна гол за 1-1. Погодокот беше прегледуван со ВАР анализа, но немаше офасајд, па Македонецот го спаси својот тим од пораз.
Етникос од 74.минута играше и со фудбалер помалку, а во последните десетина минути настапи уште еден македонски интернационалец, Кире Ристевски.