Германските медиуми објавија дека Шалке е во голем проблем во обидот да го задржи Чурлинов, зашто од шесте фудбалери кои „швабите“ ги имаат испратено на заем, само макеоднското крило единствено задоволило во оваа сезона и со тоа неговата цена автоматски пораснала.
Бидејќи има уште две години договор, Штутгарт не се противи на продажба на Македонецот, но само ако некој одвои три милиони евра. Ова го објави весникот „Кикер“, кој посочува дека Шалке 04 нема да има доволно пари за да ги откупи сите фудбалери кои сезонава беа на зем во клубот, зашто нивните клубови исто така бараат милионски отштети.