Роберт Левандовски летово го напушти Баерн Минхен и се приклучи на Барселона за 45 милиони евра, а трансферот може да достигне до 50 милиони евра со различни бонуси, додека голема сума на пари добил и менаџерот Пини Захави.
Захави заработил дури 10 милиони евра за тоа што му го договорил трансферот на Полјакот на „Камп Ноу“, а тоа е навистина голема сума на пари за еден трансфер.
Левандовски одигра неколку меча на подготовките во САД, но не постигна ниту еден гол, иако се очекува да биде големо засилување за каталонскиот гигант.
Полјакот утре ќе биде претставен на „Камп Ноу“, а се очекува рекорден број навивачи на трибините, односно над 30.000 фанови кои ќе го пречекаат новиот напаѓач на Барса.