Јувентус работи на три големи трансфери кои сака да ги реализира до крајот на летниот преоден рок, пишува „Тутоспорт“. Првата желба на тренерот Масимилијано Алегри е играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес, кој би можел да пристигне во Торино за 15 милиони евра.
Втор на списокот е Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Крилниот напаѓач на српската репрезентација е голема желба на „старата дама“. За него Јувентус треба да му плати на германскиот клуб околу 20 милиони евра.
Третиот трансфер е за засилување на нападот. Луис Муриел од Аталанта е изборот на „бјанконерите“, а за него Јувентус би требало да плати околу 20 милиони евра.