Управата на Борусија Дортмунд побарала итен состанок со агентот на Ерлинг Халанд откако во јавноста беа изнесени многу шпекулации по однос на можен иден трансфер на напаѓачот.
Борусија Дортмунд има договор со Халанд до јуни 2024 година но откупната клаузула од 75 милиони евра може да ја платат повеќе тимови па поради ова „Милионерите“ сакаат нов договор со офанзивниот напаѓач.
Агентот на Халанд, Рајола неодамна изјави дека некои работи се повеќе од јасни, но дали Халанд ќе направи трансфер ова лето не е одлучено.
Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул, Манчестер Сити, Јунајтед и Челси се само дел од клубовите кои се заинтересирани за Халанд.