Репрезентацијата на Украина го обвини судијата Матеу Лахос за елиминација во баражот за пласман на Светското првенство.

Украина загуби со минимален резултат од Велс, со автоголот на Андриј Јармоленко по ударот на Герет Бејл од слободен удар.

Сепак, Украинците сметаат дека се оштетени бидејќи шпанскиот судија не досуди пенал на крајот од првото полувреме.

Јармоленко му се прикраде на Џо Ален одзади и му ја украде топката, по што тој падна во шеснаесетникот на Велс.

По асистенција на ВАР системот, Матеу Лахос одлучи дека очигледниот контакт не е причина за најстрогата казна.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=mTjVMeFveT0&feature=emb_logo