Реал Сосиедад славеше над Атлетик Билбао со 3-1 и заслужено ја доби пресметката за Баскија.
Сорлот во 25. минута донесе предност, а Кубо зголеми на 2-0. Сепак, Сансет во 40. минута ја врати надежта за Атлетик Билбао.
Ојарзабал од пенал во 62. минута го постави конечниот резултат.
Фудбалерите на Реал Сосиедад конечно ја прекинаа серијата без победа и по пауза од две години конечно слават во едно големо баскијско дерби против Атлетик Билбао во Примера.