Во натпреварот од 18. коло на италијанската Серија А, Интер славеше на домашен терен против Верона со голот на Лаутаро Мартинез.
Интер се врати на победничките патеки, откако минимално славеше против Верона пред своите навивачи.
Со оваа победа се израмни со Јувентус на третото место, додека гостите се на претпоследното место, а под нив е само Кремонезе.
По три минути Интер поведе. По неколку одбивања, топката стигна до Лаутаро Мартинез, кој низ шума нозе погоди за 1:0.
Во последните осум натпревари како стартер, Мартинез беше вклучен во осум гола – шест пати како стрелец и двапати како асистент.
Голот на Мартинез бепе се што видовме во првото полувреме што се однесува до двете екипи.
Се чинеше дека истиот играч ќе го постигне вториот гол на натпреварот, но овој беше поништен поради офсајд.
Може да се издвои уште по една солидна шанса од секоја страна, но ситуацијата на семафорот не се промени до крајот.