Брутални сцени се случуваа ноќеска, пред почетокот на јужноамериканското дерби меѓу Бразил и Аргентина на Маракана, во квалификациите за Светското првенство.

Аргентина триумфираше со 1-0, но победата остана во сенка на она што се случуваше на трибините каде дојде до тепачка меѓу бразилските полиција и аргентинските навивачи. Полицајците беа брутални кон гостинските навивачи кои дојдоа во голем број во Рио де Жанеиро, нешто слично како на почетокот на месецов, кога се играше финалето од Копа Либертадорес.

https://twitter.com/i/status/1727220332845822397

Аргентинските фудбалери во немоќ гледаа што се случува, се обидоа да ја смират ситуацијата, а кога не успеаја во тоа, голманот Мартинез скокна и проба да му го одземе пендрекот на еден од полицајците. По неколку минути страстите се смирија, но фудбалерите на Аргентина не сакаа да го играат натпреварот и заминаа во соблекувална.

Нешто подоцна, сепак, излегоа и натпреварот стартуваше со половина час задоцнување. Единствениот гол го постигна дефанзивецот Отаменди со удар со глава во 63. минута, нанесувајќи му го на Бразил третиот пораз во низа.

Централниот дефанзивец успеа да погоди со удар со глава по центаршутот на Џовани Ло Селсо од корнер и ја замолкна публиката на „Маракана“.

Бразил го заврши натпреварот со десетмина откако Жоелинтон доби директен црвен картон во 81.минута од мечот.

Уругвај ја победи Боливија со 3-0, а двоен стрелец беше Дарвин Нуњез.

Еквадор славеше против Чиле со 1-0, а Колумбија на гости го победи Парагвај со 1-0.

https://twitter.com/i/status/1727146552295366725