Тој синоќа беше на „Олимпико“ за да ги гледа своите два поранешни тимови во реванш полуфиналниот натпревар во Конференциската лига на УЕФА. Во 53.минута, Раниери доби овации од преполниот стадион во Рим откако режисерот на преносот го покажа на големиот екран.
Доби аплауз и од навивачите на Лестер и од домашните фанови на Рома. Емотивниот Италијанец не можеше да ги запре солзите од честа која му ја укажа целиот стадион.
Раниери е роден римјанин и својата фудбалска кариера ја почна токму во Рома за која има само шест настапи. Како тренер ја водеше „римската волчица“ во два наврати, а секако неговиот поход кон титулата во Премиерлигата со Лестер во 2016 година е еден од најголемите подвизи во историјата на фудбалот.