Фудбалерот на Барселона, Гави остана без договор со каталонскиот гигант поради Ла Лига, по што доби понуда за соработка од лондонски Челзи, кој нема да штеди пари за да го добие неговиот потпис.

Барселона, сепак, не сака да го изгуби големиот шпански талент, а такво нешто не сакаат ниту навивачите на лидерот во Ла Лига, па затоа на секој меч ќе го скандираат неговото име.

Навивачите на Барселона до крајот на сезоната на секој меч на „Камп Ноу“ ќе го скандираат името на фудбалерот. Тоа ќе го прават во 30. минута од секој натпревар затоа што Гави го носи тој број на дресот.

На идентичен начин навивачите на Барселона бараат и враќање на Лионел Меси.