Келн со убедливи 5-2 ја совлада Херта, па тимот од Берлин полека ги губи шансите за опстанок во Бундеслигата и има скоро невозможна мисија за спас.
Келн и Херта одиграа ефикасен меч со дури седум голови од кои домаќинот даде пет и дојде до убедлив триумф.
Хуберс постигна два гола, по еднаш погодија Селке, Шкири и Хусеинбашиќ. Погодоците за Херта беа дело на Тусарт и Јоветиќ.
Херта е на последното место на табелата со 25 бодови, до крајот од сезоната имаат само уште два натпревари. Штутгарт кој е на позицијата која носи во бараж за опстанок има три бода повеќе, меч помалку и многу подобра гол разлика.