Едно од најскапите засилувања во историјата на Каталонците засега одбива да го продолжи договорот, а претседателот на клубот Жоан Лапорта за тоа ги обвинува агентите.
„Ние ја презентиравме нашата понуда. Мислам дека тука проблем се агентите и нивното толкување на работите. Сакаме да му покажеме на Дембеле дека парите не се најважни“, вели Лапорта.
Точно е дека Барселона сака да му ја намали платата на Дембеле поради финансиските проблеми на клубот, но во понудата дополнително ги зголеми бонусите за успех на клубот и играчот индивидуално.
Првиот човек на Барселона смета дека Дембеле е подобар играч до Мбапе.
„Јас го обожавам Дембеле. За мене тој е подобар од Мбапе. Тој сака да остане, ние сакаме да остане и се надевам дека работите ќе завршат наскоро и сите ќе бидат среќни“, додаде Лапорта.