Лука Јовиќ ова лето најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, германските медиуми пишуваат дека негова желба е кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд. Германскиот клуб летово ќе остане без Ерлинг Холанд, па е во потрага по нов напаѓач.
Јовиќ би сакал да се врати во Бундеслигата бидејќи, поучен од претходното искуство од Ајнтрахт, верува дека ова е идеалната средина за него.
Деновиве се зборуваше за неговото доаѓање во Баерн, но „Спорт“ наведува дека Борусија е пореална опција.
Бидејќи репрезентативецот на Србија има договор со Реал Мадрид до летото 2025 година, неговиот ангажман во клубот од Дортмунд најверојатно би се реализирал најпрвин како позајмица.
Покрај Јовиќ, Борусија е заинтересирана и за Карим Аџеми од Салцбург.