Фудбалерите на Виљареал од 21 часот на својот стадион во Ел Мадригал ќе го пречекаат Ливерпул во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Црвените“ славеа со 2:0 во првиот натпревар на домашен терен и беа подобар тим во текот на сите 90 минути, па на шпанскиот клуб не му се даваат големи шанси да се пласира во финалето.
„Треба да одиграме совршен натпревар за да се пласираме во финалето. Ливерпул беше подобар во првиот натпревар, покрај постигнатите голови, напаѓаа и се закануваа, но нашата одбрана беше добра. Сега треба да им покажеме дека се на наш терен, па ние сме тие што се чудиме“, изјави тренерот на Виљареал, Унаи Емери.
Од друга страна, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакнува дека не треба да се занимава со последниот натпревар, без разлика што славел неговиот тим.
„Треба да го игнорираме резултатот од првиот натпревар, мора да си кажеме дека ова е само еден натпревар и дека треба да го добиеме. Ќе не нападнат со се што имаат. Сакаат да победат. Во моментов, ова е најважниот натпревар што можете да го играте ако сакате да стигнете до финалето – а ние го сакаме тоа“, рече Клоп.