Велкоски во Сараево игра во континуитет од 2017 година, а претходно уште две години беше дел од овој тим од 2014 до 2016 година и има три титули и три купови со босанскиот гигант.
„Раководството на Сараево ја информира целата јавност и навивачите дека поради кршење на клупската дисциплина е започната дисциплинска постапка против Крсте Велкоски. Фудбалерот и на почетокот на оваа сезона беше опоменат поради недисциплина и нарушување на атмосферата во екипата, а после мечот со Борац, Сараево реши да поведе дисциплинска постапка против него.
Велкоски непримерно реагирал и искажа непочитување кон тренерот и соиграчите на полувреме од мечот во Бања Лука, откако дознал дека тренерот решил да го замени и да го остави во соблекувалната. Таков гест е непримерен за фудбалер на Сараево, а посебно од капитен кон треба да биде пример за останатите.
Напаѓачот е отстранет од првиот тим и има обврска да тренира индивидуално и во следниот период нема да биде во конкуренција за настапи“, објави Сараево.
Велкоски сезонава има 24 меча и еден гол во полуфиналето од Купот на БиХ против Игман. Сараево против Вележ ќе го игра финалето на Купот на БиХ, што е единствена шанса за бордо-тимот да излезе во Европа со освојување на пехарот.