Tретолигашот Моркамб до 74. минута сензационално водеше со 1:0 против Тотенхем во третото коло од ФА Купот.
Тогаш дефанзивниот играч за врска на Тотенхем, Хари Винкс, отиде да изведе слободен удар покрај аут-линијата.
Упати велемајсторски удат и го совлада немоќниот Моркамб.
До крајот Тотенхем победи со головите на Лукас Моура и Хари Кејн, направи комплетен пресврт и избегна срам благодарение на ремек-делото на Винкс.