Францускиот гигант Пари Сен Жермен речиси сигурно ќе остане без Килијан Мбапе чиј договор истекува на крајот од сезоната, а како потенцијална замена се споменува напаѓачот на Милан, Рафаел Леао.

Португалскиот репрезентативец е се подобар од натпревар во натпревар во Серија А, а ПСЖ, според „Газета дело спорт“, е подготвен да му понуди на Милан дури 70 милиони евра за поранешната ѕвезда на Лил.

Португалецот би заработувал шест милиони евра по сезона доколку се врати во Франција, додека неговиот поранешен клуб Лил би добил 15% од трансферот.

Рафаел Леао е член на Милан од летото 2019 година, а целосна афирмација  стекна во француското првенство откако претходно имаше куса епизода во Спортинг Лисабон.