Карим Бензема имаше деби од соништата во Ал Итихад и забележа асистенција и гол на првиот натпревар, но и на вториот продолжи онаму кадешто застана уште како предводник во нападот на Реал Мадрид.

Францускиот голгетер докажува дека ќе прави голема разлика во нападот на Ал Итихад, бидејќи саудискиот шампион победи благодарение на него и на вториот натпревар во арапскиот Куп на шампиони.
Ал Итихад имаше тешка задача против Сфаксиен и го скрши отпорот дури во второто полувреме, во кое имаше и предност од играч повеќе на теренот.

Противникот на Ал Итихад останас со 10 фудбалери поради црвен картон, а една генијалност на Карим Бензема беше доволна за да се реши прашањето околу победникот.

Карим прими топка од свој соиграч и маестрално се снајде во 63-та минута, момент кој донесе нова важна победа за актуелниот шампион на Саудиска Арабија.