На меѓународната веслачка регата Суботица Опен 2023 г. која изминатиот викенд се одржа на Паличко Езеро и на која учествуваа повеќе од 100 натпреварувачи , младите веслачи на ВК Црн Дрим-Струга постигнаа одлични резултати . Екипата беше во состав :
-Ана Прентоска , која во дисциплината скиф-пионерки го освои второто место и сребрениот медал
-Александар Хиохи , настапи во дисциплината скиф-пионери и го освои второто место и сребрениот медал
-Климентина Стојмиловска , освои трето место и бронзен медал во дисциплината скиф-јуниорки
-Елена Столеска , освои трето место и бронзен медал во дисциплината скиф-сениорки
Одличен настап имаа и Кристијан Китаноски во дисциплината скиф-јуниори кој го освои четвртото место и беше блиску до освојување медал , а Андреј Симоновиќ и Леон Шутиноски завршија на шестото место .
Екипата беше предводена од тренерот Никола Мариноски и претседателот на ВК Црн Дрим-Струга , Здравко Голабоски