Влезе Џонс како голем фаворит во борбата, но Рељиќ со одлична борба ги покажа своите квалитети и успеа да приреди изненадување со победа од 2:1. Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:6, а клучен беше еден удар со нога некаде на 20-тина секунди пред крајот на борбата.
Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда која беше максимално израмнета (1:1) и припадна на македонската претставничка поради поголемиот број удари.
Така нашата таеквондистка обезбеди четвртфинале. Следува борбата против Летиција Ајуд од Либан и тоа во 15.45 часот.