Израел Адесанја, шампионот на УФЦ во средна категорија, повторно го одбрани појасот. Адесанја го победи Роберт Витакер. Актуелниот шампион ја контролира борбата од стартот и покажа колку е физички подготвен.
Тактиката на Витакер беше да го собори на земја и потоа да се обиде на тој начин да ја заврши борбата, но не успеа бидејќи Адесанја секој пат одлично се бранеше. На крајот, судиите убедливо пресудија во корист на Адесанја.