Италијанскиот шампион Интер остана непоразен (1-1) на гостувањето во Неапол и го сочува врвот на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ имаат еден бод предност во однос на Наполи, но и еден одигран меч помалку, во трката за шампионската титула.

Елиф Елмас го стартуваше дуелот од клупата за резерви, но доби шанса за настап уште во 25.минута по повредата на Матео Политано.

Лоренцо Инсиње во седмата минута од пенал му донесе водство на Наполи, но израмни Един Џеко во 48.минута од дуелот.

Во второто полувреме Елиф Елмас имаше одлична шанса за погодок, но Хандановиќ беше одличен на голот на Интер.