Фудбалерите на Ливерпул освоија три бода во натпреварувачката 2024/2025 во Премиер лигата и тоа на гости кај повратникот во елитната англиска конкуренција Ипсвич.

„Црвените“ беа бледи во првиот дел, не упатија ниту еден директен удар кон голот на противникот, но по одморот и советите од менаџерот Слот се промени ситуацијата и фаворитот беше на далеку повисоко ниво и дојде до победа од 2-0.
Се беше полесно по голот кој Жота го даде во 60 минута. Веќе во 65 минута беше зголемото водството на Ливерпул и тоа од страна на Салах со што напаѓачот испиша историја, и постави нов рекорд.

Африканецот дојде до 9. погодок на отварањата на сезоната во ПЛ со што стана најдобар стрелец, поточно веќе ги остави зад себе Лампард, Руни и Ширер.

 

Ливерпул во второто коло ќе се соочи со Брентфорд, Ипсвич пак има пеколно гостување на „Итихад“ против Сити.