Првиот светки рекет, Јаник Синер успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на АТП Мастерсот во Синсинати.
Во еден драматичен меч кој не се играше во идеални услови, Италијанецот ја доби пресметката со русинот Андреј Рубљов, тенисерот кој минатата седмица го совлада во Монтреал.
Сега Синер му се одмазди и со пресврт по голема борба дојде до триумф од 4-6, 7-5, 6-4 и го однесе на соочување со германецот Саша Зверев кој пак беше подобар од миленикот на домашната публика Бен Шелтон со 3-6, 7-6(3), 7-5.
Во другата битка имаме уште еден Американец, Тиафо кој за финале ќе се бори против Руне.
Тиафо одигра само еден сет против Хуркач кој потоа се повлече, додека пак Руне го реши Дрејпер со 6-4 и 6-2.