Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше и на други теми во најавата на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ минатата недела ја започна 369-та недела на врвот на АТП листата, по што следуваше објава со ликот на Никола Тесла.
https://twitter.com/DjokovicFan_/status/1521721165219131392?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1521721165219131392%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3937443%2Fnovak-djokovic-nikola-tesla-broj-369-olan-garos-univerzum
-Јас сум голем обожавател на Никола Тесла, тој рече дека некои тајни на универзумот се откриваат кога ќе се разбере тајната на бројот 369, не сум компетентен но ме интересира тоа. Ме следеа бројки во текот на кариерата, забележувам некои работи, навидум случајности, но случајности нема.
Инаку, Никола Тесла имал голема опсесија со броевите 3, 6 и 9. Тој тврдел дека тие се исклучително важни и дека тие се клучот за универзумот.
– Да ја знаевте величественоста на тројките, шестките и деветките, ќе го имате клучот за универзумот – рекол еднаш Никола Тесла.
Многу научници по него се обидоа да го откријат неговото значење, барајќи смисла во математиката, физиката, секојдневниот живот, но никој не беше успешен. Некои наводни приказни тврдат дека Никола секогаш сакал да престојува во соба во хотел чиј број се делел со три, а на крајот починал во собата бр. 3327 во еден од хотелите во Њујорк.